Легендарниот бразилски фудбалер Пеле се соочувал со нови тегоби откако повторно бил позитивен на Ковид-19. Поради тоа имал и низок крвен притисок, па била потребна хоспитализација, информира „ЕСПН“.
82-годишниот Пеле се бори со канцер на дебелото црево и останува во стабилна состојба во клиниката „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло.
„Пеле беше позитивен на Ковид-19 на 17 ноември, што доведе до респираторна инфекција и негов прием во болница. Пред тоа, легендата беше подложен на уште еден третман против ракот, бидејќи имаше метастази“, објавија од клиниката.
Во деновите пред приемот во болница, тој имаше респираторни проблеми и загриженост за бронхопневмонија, како и проблеми со срцевиот ритам.