Top Sport

Ројс: Лам и Швајни го стопираа мојот трансфер во Баерн

Марко Ројс, ѕвездата на Борусија Дортмунд, открил дека во 2012 година бил пред трансфер во Баерн Минхен, но дека истиот го спречиле двајца фудбалери, со кои подоцна стана соиграч во германската репрезентација.

Во 2012 година, трансферот на Ројс била најголемата желба на тогашниот тренер на Баерн, Јуп Хајнкес. Сепак истиот не бил реализиран бидејќи против биле Филип Лам и Бастијан Швајнштајгер. Според нив Ројс немал победнички менталитет.

Откако Баерн се откажале од трансферот, тогашниот фудбалер на Борусија Менхенгладбах завршил во Дортмунд.

29 годишниот Ројс досега одиграл 235 натпревари и постигнал 115 гола за Борусија.

Scroll to Top