Top Sport

Пеле не е во критична состојба, се јави на социјалните мрежи

Бразилската фудбалска легенда Пеле вели дека се опоравува многу добро откако вчера накратко бил примен на одделот за интензивна нега во болницата во Сао Пауло.

80-годишниот Пеле беше на операција за отстранување на тумор од дебелото црвево овој месец, и беше пуштен од болница во средата, но повторно примен во петокот како „мерка на претпазливост“. Тој се јави на Инстаграм по шпекулациите дека се наоѓа во критична состојба.

„Мои пријатели, уште се опоравувам многу добро. Денеска добив посета од членовите на семејството и насмевката уште ми е на лицето. Благодарам за цела љубов која ја добивам“, напиша Пеле.

Од болницата „Алберт Ајнштајн“ се јавија со соопштение.

„По стабилизацијата, пациентот беше префрлен во полу-интензивна нега. Тој е кардиоваскуларно и респираторно стабилен“, велат од болницата.

Пеле повторно на интензивна нега

Scroll to Top