Фудбалската легенда Пеле е отпуштен од болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, каде што беше примен во понеделникот. Ова е дел од месечното лекување на 81-годишниот Бразилец, кому во септември му беше дијагностициран канцер на дебелото црево.
„Пациентот е во стабилна и задоволителна состојба“, се вели во соопштението од болницата.
„Кралот на фудбалот“ секој месец оди во болница на тестови и хемотерапија. Пеле има и проблеми со грбот и се движи во инвалидска количка за време на неговите последни јавни настапи.