Top Sport

Пеле се огласи и му честиташе на Роналдо

Легендарниот Пеле се огласи во јавноста, откако беше критикуван дека ја сменил биографијата на Инстаграм, за да остане рекордер според бројот на постигнати голови. Минатата недела Кристијано Роналдо дојде до бројката од 758 гола во кариерата. Според официјалните податоци Пеле постигнал гол помалку, иако тој тврди дека во кариерата постигнал 1.283 гола.

Во своето обраќање Пеле потенцира дека ништо не сменил во биографијата и дека таа е иста од првиот ден кога се приклучил на „Инстаграм“.

„Обвинет сум дека сум ја сменил биографијата на Инстаграм за да ги засенам големите ѕвезди кои ги уриваат моите рекорди. Таа биографија е иста од првиот ден. Ништ од ова не би требало да биде во центарот на вниманието, туку треба да се говори за твоите рекорди и неверојатни достигнувања“, порачал Пеле.

Scroll to Top