Top Sport

Пелегрини неизвесен за дербито меѓу Рома и Јувентус

Капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини, е неизвесен за настап на неделното дерби против Јувентус. Фудбалерот е болен од грип и неговото учество на мечот против „бјанконерите“ е сериозно доведен во прашање.

Пелегрини ќе биде подложен на тестови непосредно пред утрешниот натпревар, по што ќе биде јасно дали воопшто ќе биде во составот за големиот дуел.

Рома продолжува да се бори за место во Топ 4, а моментно ја зазема петтата позиција на табелата, со три бода заостанување зад Милан и зад Интер.

Scroll to Top