Top Sport

Пелистер се раздели со четворица фудбалери

Македонскиот второлигаш Пелистер во следната сезона ќе остане без капитенот Христијан Драгарски, како и без искусните Томе Китановски и Бурхан Мустафов. Заминува и Љавдрим Фазлију.

„ФК Пелистер за во наредната сезона 2023/24 нема да ги продолжи договорите со Бурхан Мустафов Христијан Драгарски, Томе Китановски и Љавдрим Фазлију. Во наредните денови некои играчи ќе бидат отстапени во други клубови. Клубот им се заблагодарува и им посакува понатамошен успех. Наскоро ќе биде промовиран новиот тренер а во наредните денови и новите играчи“, објави клубот.

Scroll to Top