Top Sport

Легендарниот Раул ќе му биде тренер на Столе Димитриевски?

Легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалес Бланко, кој пред неколку сезони започна да работи како тренер е подготвен да направи нов чекор во кариерата. Раул изминатите две сезони ја предводеше Реал Мадрид Кастиља, подготвен е да си замине и да се пресели во клуб од Примера.

Според информациите на шпанските медиуми, Хетафе е подготвен да го доведе доколку Хозе Бордалас го напушти клубот, што не е исклучено и покрај тоа што тој успеа да му обезбеди опстанок клубот.

Сепак, Хетафе не е единствениот заинтересиран клуб, бидејќи со него контактирал и Рајо Валјекано, доколку Андони Ираола добие понуда од поголем клуб.

Позицијата на Раул ќе биде загрозена доколку Реал Мадрид Кастилја не обезбеди пласман во втората лига, што е се помалку сигурно. Барселона Атлетик го совлада Реал Кастилја во првиот натпревар од плеј-офот со резултат 4:2, па мадриѓани бркаат негатива од два гола во директна борба за враќање во втората лига.

Scroll to Top