Top Sport

Пенал за Франција и хет-трик за Мбапе за ново израмнување во лудото финале

Франција повторно успеа да направи подвиг и се врати во игра во финалето на Светското првенство кога сите мислеа дека ситуацијата е безнадежна, откако со вториот гол од пенал, Килијан Мбапе го комплетираше хет-трикот и израмни на 3:3.

Мбапе прво успеа да ги спаси Французите во регуларните 90 минути кога постигна два гола за 90-тина секунди за да ги врати од 0:2, но кога Меси даде гол во првото продолжение, сите мислеа дека нема да има шанси за уште едно враќање. Но, Франција го направи тоа – по еден удар во шестнаесетникот, Монтиел играше со рака и судијата Марчињак по третпат на мечот покажа на белата точка, а Мбапе безмилосно израмни на 3:3.

Scroll to Top