Top Sport

Пенант: Арсенал ќе се „срушат“ по Божиќ исто како минатата сезона

Арсенал ќе се „срушат“ по Божиќ и покрај одличниот старт на сезоната под Микел Артета, вели поранешниот фудбалер на „топчиите“, Џермејн Тенант, кој очигледно не верува дека неговиот поранешен клуб е сериозен кандидат за титулата.

По поразот на Манчестер сити од 1:0 од Ливерпул, Арсенал се на четири поени од актуелниот шампион на врвот на табелата по 9 победи и само еден пораз оваа сезона. Ова ги „подгреа“ надежите дека тие се вистински кандидат за титулата, но 39-годишниот Пенант, кој помина шест години во клубот, вели дека очекува „колапс“.

„Мислам дека Арсенал по Божиќ ќе се срушат како минатата година за да паднат зад местата кои носат во Лигата на шампиони. Знам дека ќе бидам критикуван и напаѓан од навивачите на Арсенал како поранешен ‘топчија’. Тоа што го направи Артета во тимот во однос на тоа каде беа пред две-три години е неверојатно и стартот е одличен. Но, дали ќе успат да го заддржат ова темпо? Сме виделе како кога ќе дојдат важните мечеви, лесно се ‘сопнуваат’“, вели Пенант.

Scroll to Top