Top Sport

Прва „мета“ на Челси ќе биде Џуд Белингем

Англискиот талент Џуд Белингем е прват цел на Челси под новиот газда Тод Бели и тие се подготвени да го „украдат“ фудбалерот на Борусија Дортмунд пред Ливерпул, тврди „Ивнинг стандард“.

Белингем, кој пристигна во Борусија од Бирмингем сити во 2020 годин за 25 милиони фунти, откако ја одби понудата на Манчестер јунајтед, по одличните настапи во Бундеслигата, со дури 105 настапи за Дортмунд го привлече вниманието на повеќе англиски клубови, но и Реал Мадрид. Се веруваше дека Ливерпул се фаворити за неговиот потпис, но 19-годишниот талент станал „проект“ на Бели, кој имплементира поинаков тип на ангажирање на фудбалери на „Стемфорд Бриџ“.

Во текот на летото Челси потрошиија над 250 милиони фунти на 11 фудбалери, а самиот Бели се постави за привремен спортски директор. По ова, беше отпуштен тренерот Томас Тухел и на негово место беше донесен Греем Потер, а од клубот си заминаа повеќе луѓе на клучни позиции, како директорката Марина Грановскаја, техничкиот советник Петр Чех, како и главниот саут Сот Меклахлан.

Scroll to Top