Top Sport

Лапорта казнет со фантастични 602 евра за влегувањето во соблекувалната на судиите!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, доби казна од 602 евра откако по 3:1 поразот од Реал Мадрид на „Сантијго Бернабеу“ влегол во соблекувалната на судиите за да се расправа со судијата Хозе Марија Санчез Мартинез и неговите помошници.

Санчез Мартинез го внесе инцидентот во официјалниот извештај од мечот, како и фактот дека побарал од Лапорта да си замине откако тој барал одговори за повеќе одлуки во текот на мечот, посебно за пеналот над Родриго во финишот на мечот, кога претходно Роберт Левандовски бил по прекршок на другата страна на теренот.

Ла лига реши дека овој престап чини 602 евра, откако Лапорта го прекршил ставот 133 од дисциплинскиот код, кој вели дека само членовите на тимовите, регистрираните играчи и тренери имаат пристап до соблекувалнаата на судиите.

Лапорта влетал во соблекувалната на судиите по поразот во „Ел класико“

Scroll to Top