Пеп Гвардиола го подарил својот бонус од стотина илјади фунти за освојување на титулата од Премиерлигата на вработените во Манчестер сити, влучувајќи ги и рецепционерите и луѓето од обезбедувањето во знак на блаагодарност за нивната работа, тврди „Дејли мејл“.
Гвардиола постојано ја потенцираше важноста на сите вработени во тимот во успхот на Сити, и сега решил дека е сосема прикладно и тие да добијат нешто повеќе. По освојувањето на тројната титула со триумфот во Лигата на шампиони, Гвардиола останува екстремно популарен кај сите во клубот, и секако паричната награда ќе ја зголеми оваа популарност.