Top Sport

Пеп Гвардиола потроши 410 милиони фунти на дефанзивци во Сити!

Најавата на Бенфика дека е договорен трансферот на централниот дефанзивец Рубен Диаш во Манчестер сити за фантастични 65 милиони фунти уште еднаш ја покажа финансиската моќ на поранешниот англиски шампион, но и во исто време немоќта на Пеп Гвардиола да избере вистински човек за одбраната на неговиот тим.

49-годишниот Гвардиола пристигна на „Етихад“ од 2016 година и го трансформираше клубот освојувајќи две титули од Премиер лигата, една од ФА купот и три од англискиот Лига куп, меѓутоа сумата која ја потроши беше огромна.

Ако се соберат само одбранбените играчи на Пеп, доаѓа сума од неверојатни 410 милиони фунти кои Каталонецот ги потрошил на дефанзивци:

Рубен Диаш – 65 милиони фунти

Жоао Кансело – 58.5 милиони фунти

Ајмерик Лапорт – 58.5 милиони фунти

Бенжамин Менди – 52 милиони фунти

Џон Стоунс – 50 милиони фунти

Кајл Вокер – 47 милиони фунти

Нејтан Аке – 41 милиони фунти

Данило – 27 милиони фунти

Анжелино – 11 милиони фунти

Scroll to Top