Top Sport

Пеп и кога не е присутен руши рекорди

Иако уште е во Каталонија опоравувајќи се од операцијата на грбот, Пеп Гвардиола успеа да постави нов рекорд во Премиерлигата, откако неговите Манчестер сити стигнаа до 2:1 победа над Шефилд јунајтед.

Трите поени освоени преку Родри го одбележија 200. триумф на Пеп во Прмиерлигата, до кој е стигнато во само 269 меча, најбргу во историјата на англискиот фудбал.

Пеп ќе се врати на клупата на Сити по септемвриската интернационална пауза, а неговите Сити веќе имаат совршени 3-од-3 на стартот на новата сезона и се осамени на врвот на табелата.

Scroll to Top