Top Sport

Пеп ќе си „пукне“! Манчестер јунајтед на средба со Џулија Робертс

Пеп Гвардиола можеби минатата сезона ја освои тројната круна и запоседна на тронот на англискиот и европски фудбал со Манчестер сити, но тоа не помогна Џулија Робертс повторно да го избере Манчесер јунајтед.

Холивудската актерка, која Гвардиола јавно ја нарече како негов идол, присуствуваше на вчерашниот меч Јунајтед-Арсенал во Њујорк, по што беше посебна гостинка на англискиот клуб, фотографирајќи се со менаџерот Ерик Тен Хаг и со Бруно Фернандеш, Касемиро, Рафаел Варан и Маркус Рашфорд , а доби и дрес од Лисандро Мартинез.

„Секогаш е прекрасно да те видиме, Џулија“, напишаа од Јунајтед на Инстаграм.

Во март оваа година, Гвардиола на шега се пожали дека се чувствува како губитник бидејќи кога Робертс го посетила Манчестер во 2016 година, наместо да оди кај Сити отишла кај лутите ривали.

„Џулија Робертс пред неколку години дојде во Манчестер, не зборуваме за ерата на Сер Алекс во 1990-тите кога освојуваа титули. Дојде кога бевме подобри од нив, последните четири-пет години и отиде кај нив“, изјави тогаш Пеп.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Manchester United (@manchesterunited)

Гвардиола не може да сфати само една работа, како Џулија Робертс оди на „Олд Трафорд“

Scroll to Top