Top Sport

Пеп повторно е најдобриот тренер во Премиер лигата

Пеп Гвардиола е прогласен за најдобар тренер во Премиер лигата оваа сезона, откако ги предводеше Манчестер сити до одбрана на титулата во англиската лига, освојувајќи ја вторпат едноподруго наградата.

Сити ја потврдија титулата по 4:1 победата на гости кај Брајтон, со што стигнаа до 98 поени, втор најголем успех по минатогодишните рекордни 100 поени. Тој е само третиот менаџер во историјата на Премиер лигата кој одбранил титула по Сер Алекс Фергусон и Жозе Мурињо.

„Вистинска чест е да ја примам оваа награда, а сакам да им ја посветам на моите фудбалери и моите луѓе во клубот. Се боревме против сите менаџери во Премиер лигата, посебно против Јирген Клоп во фантастична битка до крај“, вели 48-годишниот Гвардиола.

Во изборот за тренер на сезоната тој ги победи Нуно Еспирито Санто од Вулверхемптон, Клоп од Ливерпул и Маурисио Почетино од Тотенхем. Изборот се направи со бројот на гласовите од фановите, заедно со група на фудбалски експерти.

Scroll to Top