Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола признава дека морал да го предупреди Ерлинг Халанд да не добие црвен картон во бурното 1:1 реми со Евертон во саботата.
Исфрустрираниот Халанд доби жолт картон за опасниот старт над Виталиј Миколенко во првото полувреме, откако претходно беше сопрен од Бен Годфри, а потоа го „нокаутираше“ и Џејмс Тарковски со својата рака во обид да ја заштити својата позиција. Гвардиола, иако не го критикуваше директно судијата Енди Медли, тврди дека очекува неговите фудбалери да бидат „заштитени“.
„Халанд заслужи жолт картон. Беше лут по стартот, а јас му кажав да биде внимателен бидејќи не можеме да играме 10 против 11 и тој реагираше добро. Ние сме Манчестер сити и мораме да го дадеме максимумот. Против Лидсд, три или четири фаули над Џек Грилиш не беа досудени. Не сакам да влегувам во дискусија со судиите, тоа е нивна работа“, вели Гвардиола.