Top Sport

Пеп за Кансело: Подобро да имаш пари во банка, за да не трпиш критики

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола вели дека не знае што ќе се случи со Жоао Кансело кога ќе заврши неговата позајмица во Баерн Минхен, но посочи дека е задоволен од својот состав и дека е подобро да има пари на сметка на клубот отколку да трпат критики дека трошат премногу.

Шпекулациите велеа дека постоел конфликт помеѓу Гвардиола и 28-годишниот Португалец, откако на Пеп не му се допаѓал ставот на фудбалерот.

„Прво му посакувам среќа во следните четири месеци. Не знам што ќе се случи следната сезона, но тој беше одличен во последните две титули кои ги освоивме. По Светското првенство, имавме пред-сезона и решивме да играме поинаку. Ми се допаѓа тоа што го гледам, да се даде простор на други играчи. Тој е ист како мене, сака да игра, но ситуацијата значеше дека нема да игра многу. Затоа го пуштивме во Минхен. Ако те сака Баерн, тоа значи дека си исклучителен играч. Сите го знаат тоа. Но, ова се случи ден или два пред крајот на преодниот рок. Јас сум задоволен со мојот состав. Кога не си сигурен, подобро да ги имаш парите во банка и да не те критикуваат што трошиш многу“, вели Гвардиола.

Scroll to Top