Top Sport

Шефот на Ла лига: Мбапе и Халанд може да дојдат во Реал, но не и во Барса

Претседателот на шпанската Ла лига, Хавиер Тебас ги предупреди Барселона дека сите потенцијални обиди да се купат Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд ќе бидат невозможни за каталонскиот клуб.

Иако Барса секогаш се на пазарот за најдобрите играчи на светот, поради финансиските проблеми, амбициите на каталонскиот гигант мораат да бидат намалени, и Тебас посочува дека додека нема да можат да им бидат конкуренти на вечните ривали Реал Мадрид за потписот на најголемите ѕвезди.

„Се надевам дека е можно да дојдат такви имиња во Ла лига. Но, овие двајца фудбалери можат да дојдат само во Реал Мадрид во моментов, бидејќи финансиската ситуација на Барселона не дозволува таков тип на играчи. Многу работи треба да се сменат финансиски за тие да можат да бидат достапни, така што во моментов тоа е невозможно“, вели Тебас.

Scroll to Top