Top Sport

Лајам Нисон: Конор Мекгрегор на Ирска и носи лоша репутација

Лајам Нисон, ирскиот актер кој има добиено Оскар, смета дека УФЦ ѕвездата Конор Мекгрегор носи само „лоша репутација“ на Ирска, и покрај тоа што е еден од најпопуларните спортисти на светот по дебито во УФЦ во 2013 година.

Мекгрегор е поранешен шампион во перо и лесна категорија, како прв човек кој бил носител на две титули во УФЦ, а популарноста му дозволи да има мега-успешен боксерски меч со Флојд Мејведер Јуниор во 2017, како и огромно богатство преку неговиот бренд виски „Пропер 12“. 34-годишниот Мекгрегор, кој честопати потсетува на своето ирско потекло, според Нисон не прави ништо за репутацијата на својата земја.

„Тој мал лепрекон Конор Мекгрегор, тој носи лоша репутација за Ирска. Знам дека е физички подготвен и тоа го ценам, но ништо друго. Целата УФЦ, едноставно не можам да ја сварам. Тоа е како тепачка во бар. Знам дека ќе кажат, знаете ли колку тренирам. Но, како да земаш шише во рака и го удираш другиот по глава“, вели 70-годишниот Нисон во интервју за „Менс хелт“.

Scroll to Top