Top Sport

Пеп: Зошто не сум добил отказ? Сигурно не поради фризурата

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола имаше интересен одговор на прашањето зошто никогаш не добил отказ во неговата богата тренерска кариера. Во Премиерлигата оваа сезона дури 12 менаџери добија отказ, од кои тројца последната недела дена – Антонио Конте (Тотенхем), Греем Потер (Челси) и Брендан Роџерс (Лестер).

„Ќе ви кажам тајна, победуваме на мечеви. Ако не победуваме, тогаш веднаш ќе добијам отказ. Не е поради тоа што имам подобра фризура од другите. Не добив отказ бидејќи побдуваме на многу мечеви. Во оваа земја кога бев помлад секогаш имаше традиција да се има доверба во менаџерите. Сега, има поголем притисок за сите, многу инвестиции, малку трпение. Понекогаш функционира, понекогаш не. Таква е ситуацијата и мора да се адаптирате“, објаснува 52-годишниот Гвардиола.

Scroll to Top