Манчестер Јунајтед направиле чекор напред во преговорите со менаџерот на фудбалерот на Лил Николас Пепе.
Репрезентативецот на Брегот на Слонова коска зад себе има исклучителна добра сезона и е беше еден од најзаслужните за вице-шампионската титула на Лил.
Англиските медиуми пренесуваат дека Јунајтед понудиле 78 милиони евра за крилниот напаѓач. Според овие извори Јунајтед сега се во пол-позиција за неговиот потпис. Интерес за него има и кај Арсенал, Евертон и Ливерпул.
Минатата сезона тој постигна 22 гола за Лил. Инаку тој е врза со три годишен договор за Лил, меѓутоа во случај на добра понуда клубот е подготвен да му дозволи трансфер.