Капитенот на Порто, Пепе се соочува со санкции од УЕФА, поради изјавите дадени по натпреварот со Атлетико Мадрид. Порто не успеа да се пласира во осмина-финалето во Лигата на шампионте. Атлетико го доби решавачкиот натпревар со 3:1.
Дуелот на „Драгао“, донесе многу нервоза на теренот и четири црвени картони. На теренот беа исклучени Караско и Вендел, а судијата Турпан ги исклучи резервниот голман на Порот Марчезин и еден од луѓето од делегацијата на Атлетико.
„Не заслуживме да имаме 0:0 по првиот дел. Имамвме многу шанси, а потоа Атлетико во второто полувреме постигнаа среќен гол. Потоа имаше многу конфузија, тепачка, судијата почна да дели жолти и црвени картони. ВАР е тука да помогне, денес тоа не беше случај“, рекол 38-годишниот Пепе.