Top Sport

Верона покажува интерес за Алиоски

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, по само шест месеци би можел да ја заврши авантурата Саудиска Арабија. Алиоски минатото лето како слободен играч од Лидс, се пресели во Ал Ахли.

Италијанските медиуми го поврзуваат левиот бек со екипата на Верона. Тренерот на Верона, Игор Тудор, сметал дека му е потребен уште еден играч на левата страна. Го означил Алиоски како идеално засилување во формацијата 3-5-2 која најчесто ја форсира.

Оваа позиција во Верона ја покрива српскиот репрезентативец Дарко Лазовиќ.

Scroll to Top