Top Sport

Пепе Реина обвинет дека е „фашистичко гомно“

Ветеранот на голот на Астон вила, Пепе Реина беше обвинет дека е „фашистичко гомно“ од шпанскиот рапер Нега, откако во саботата преку Твитер го поддржа протестот на десничарското движење Вокс во Мадрид и во повеќето поголеми градови во Шпанија.

„Ах! Изгледа дека малиот човек излезе на улица, нели? Демократија. Обединети сме посилни“, напиша Реина на Твитер со фотографија на улиците на Мадрид со автомобили и шпански знамиња.

На ова реагираше раперот Нега од групата Лос чикос дел маиз.

„Види, глупак, веќе покажа колку немаш памет и колку си никаков. Фашистичко гомно“, напиша Нега.

Реина не остана покус и врати преку фотографија на која раперот е фотографиран со Арналдо Отеги, лидерот на баскиските сепаратисти.

„Вистинска класа, шампиону“, напиша Реина.

Scroll to Top