Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Андреас Переира веќе пристигна во Рим, каде што ќе биде позајмен во тимот на Лацио со опција за купување од 27 милиони евра.
24-годишниот Бразилец помина низ академијата на Јунајтед, а претходно беше позајмуван на Гранада и Валенсија, и веќе пристигна во престолнината, каде што имаше прилика да се фотографира со шал на „орлите“.
? Andreas #Pereira è arrivato nella Capitale! #CMonEagles ? pic.twitter.com/MJb2CgIjdo
— S.S.Lazio (@OfficialSSLazio) October 1, 2020
И нивните градски лути ривали Рома добиваат фудбалер на позајмица, откако се привршуваат преговорите со Реал Мадрид за напаѓачот Борха Мајорал. Според повеќе италијански извори, неговите агенти веќе се договориле со директорот на Рома, Гвидо Фиенга, и тој утре ќе пристигне на медицински тестови.
Рома ќе го добијата Мајорал на позајмица со опција за купување, а „Кориере дело спорт“ тврди дека се работи за двегодишна позајмица. Мајорал има договор со Реал само до 2021 година.