Top Sport

Перез: Ибрахимовиќ го интересираа само пари, тој е обичен силеџија!

Претседатеот на Реал Мадрид, Флорентино Перез признава дека пред неколку години сакал на „Бернабеу“ да го доведе Златан Ибрахимовиќ.

Првиот човек на „Кралевите“ планирал Швеѓанецот да го спои во нападот со Кристијано Роналдо, но сепак се откажал и Ибра останал тогаш во ПСЖ.

„Силно сакав да го доведам Златан Ибрахимовиќ додека играше во ПСЖ. Сметав дека во тој момент е на исто ниво со Роналдо. Сакав да го „спарам“ со Кристијано и да ја запрам доминацијата на Барселона, а како напредуваа преговорите видов дека нему само парите му се важни. Сакаше двојно поголема плата од Кристијано, состанокот изгледаше како тој да треба да потпише со мене, а не јас со него. Тој е обичен силеџија“ вели Перез.

Scroll to Top