Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид, во емисијата Чирингито откри како во последен момент пропаднал веќе договорениот трансфер на Килијан Мбапе. Наместо тоа, еден од најдобрите напаѓачи во светот реши да го продолжи договорот со ПСЖ за огромна плата и одврзани раце во креирањето на клупската политика.
Перез, во популарното шоу на Хосеп Педрерол, открил детали од трансферот кој спротивно на сите очекувања пропадна во последен момент.
„Сонот на Мбапе беше да игра за Реал и тој ми го кажа тоа многу пати. Очајно сакаше да дојде кај нас уште во август минатата година, постојано ми велеше дека сака да игра само за Реал, а потоа, пред 15 дена, се наеднаш се смени, мислам дека тоа беше поради незамисливиот политички притисок под. Претседателот на Франција и градоначалникот на Париз вршеле силен притисок, му рекле да не ги напушта Париз и Франција. Не можам ни да замислам дека кралот на Шпанија прави нешто такво со играч на Бетис, на пример. Освен политичкиот притисок, својот дел го одработи и финансиската понуда од Катар“, откри првиот човек на Реал.
? "ESTE MBAPPÉ NO ES MI MBAPPÉ" ?
? "ESTE NO es el que YO QUERÍA TRAER" ?
?¡FLORENTINO, más contundente que nunca en #ChiringuitoFlorentino! pic.twitter.com/naTVZFon8O
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) June 15, 2022
„ПСЖ му понуди на Мбапе неверојатни услови. Доби огромна плата и со потпишувањето на новиот договор тој практично стана негов спортски директор. Тоа е некомпатибилно со авторитетот и со она што треба да го прави еден фудбалер во тимот“.
Сепак, Перез открива дека во тој период, Реал и Мабпе немале постигнато конечен договор. Дека нема да дојде во Мадрид на Перез му станало јасно кога тој започнал да поставува нови услови.
„Тој рече дека нема да учествува во активностите поврзани со спонзорите на Реал кои не се негови приватни спонзори. Тоа ме шокираше затоа што никој во историјата на овој клуб никогаш тоа не побарал. Фудбалот е колективен спорт и никој не може да биде пред другите, во Реал тоа никогаш нема да се случи. Секоја чест за Мбапе, но тој сигурно се замислуваше дека е поп-ѕвезда или холивудски актер и дека сите околу него во овој клуб ќе му бодат придружна група или статисти. Сепак, ова е Реал Мадрид. Не можев да поверувам кога видов што бара од нас и си реков: Ова не е мојот Мбапе“…
Перез вели дека не му се лути на Мбапе, дека му е јасно под каков притисок се наоѓал кога требало да ја донесе одлуката каде ќе ја продолжи кариерата. Вели дека му го одзеле детскиот сон и дека неговата мајка била засрамена од конечната одлука.
„Овој Мбапе што го гледаме и слушаме во последно време не е истиот што го знаев претходно. Ваков каков што е сега не му е потребен на Реал нека остане во ПСЖ.“
?❌"La PRESIÓN que ha tenido que soportar MBAPPÉ NO es NORMAL"
?"No cualquiera puede aguantarla…"
?FLORENTINO lo tiene claro en #ChiringuitoFlorentino. pic.twitter.com/h8Hjftn2In
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) June 16, 2022
Може ли да дојде во Реал за три години, кога ќе му заврши договорот со ПСЖ?
„Знаеш што велат овде, „за три години сите ќе бидеме ќелави, хахаха! (Перез и водителот се ќелави) Овој Мбапе не е мојот Мбапе! Овој одбива да прави заеднички акции со својот тим. Не го сакам тој Мбапе“.
На крајот Перез открил дека Мбапе се обидел да ги „минира“ трансферот на соиграчот од репрезентацијата Орлеијан Чуамени од Монако во Реал. Го канел да се пресели во ПСЖ, на крајот Реал сепак ја доби оваа битка и за 100 милиони евра го донесе Чуамени на „Снатјаго Бернабеу“.