Не е тајна дека двата големи шпански и европски фудбалски клубови Реал Мадрид и Барселона се во финансиски проблеми.
Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас со американските фондови договори „финансиска инекција“, но ниту Реал, а ниту Барса за таква опција не сакаат ниту да слушнат затоа што на тој начин на Американците ќе им припадне голем дел од „колачот“ од телевизиските права.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез со недели упатува навреди на сметка на Тебас, Кралскиот клуб најавува и тужби, а шпански „Мундо Депортиво“ јавува за најлудата идеја досега.
По пропаста на идејата за формирање на фудбалска Суперлига, Реал и понатаму бара ново натпреварување во кое би можел клубот од „Сантијаго Бернабеу“ да се приклучи. „Кралевите“, наводно, бараат правна можност да се натпреваруваат во англиската Премиерлига.
Сепак, се чини дека не е само Пл во игра. Опции, наводно, се и Серија А и Бундеслигата.
Останува да се види дали ќе има нови тектонски поместувања на фудбалската мапа откако пропадна идејата за формирање фудбалска лига на „богатите клубови“.