Top Sport

Перез за Дел Боске: Глупак и најголема измама што сум ја видел во животот

Шпански „Ел Конфиденсиал“ продолжува со објавување на тајно снимените разговоро што во минатото ги водел претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Досега јавноста слушна како првиот човек на „Кралевите“ ги навредува Икер Касилјас, Раул Гонзалез, Жозе Мурињо и Кристијано Роналдо.

На ред дојде и легендарниот шпански фудбалски тренер Висенте дел Боске (70) кој беше на клупата на Реал Мадрид од 1999 до 2003 година. Дел Боске беше и предводник на „Фуријата“ од 2008 до 2016 година, период во кој Шпанија освои две титули европски и една титула светски шампион.

Во аудио снимките Перез за Дел Боске вели:

„Тој не знае како да тренира играчи и нема поим од тактика. Тој е глупак. Нему никој не му нуди работа затоа што знаат дека не е тренер. Тој е најголемата измама што сум ја видел во животот“.

Дел Боске во кариерата ја предводеше и втората екипа на Реал, но седеше и на клупата на турски Бешикташ.

Со Реал освои две титули во Ла Лига, двапати беше шампион во Лигата на шампиони, а ја обезбеди титулата и во шпанскиот Суперкуп, суперкупот на УЕФА и Интерконтиненталниот куп.

Scroll to Top