Францускиот стратег, Зинедин Зидан стигна до 11-тиот трофеј по само 209 меча во кариерата, што во просек ќе каже дека тој освојува трофеј по секои 19 меча.
Затоа не изненадува изјавата на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез по синоќешното славје откако беше освоена лигата по 34-ти пат.
„Мислам дека Зидан е благослов од небото! Се надевам дека ќе остане со нас многу долго“ – изјави Перез.
Капитенот на Кралевите, Серхио Рамос имаше само зборови со пофалба за својот тренер.
„Зидан е клучот. Веруваме во него и во неговата работа. Секогаш кога ќе дојде, се што ќе допре е допир на светец, тој е единствен“ – вели Рамос.
И самиот Зидан се огласи по мечот.
„Ова е еден од најдобрите денови од кога сум професионалец. По карантин, по се, ова навистина е импресивно“ – рече Зизу.
? ? ?#34Ligas | #RealFootball pic.twitter.com/15MnbPSacf
— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) July 16, 2020