Top Sport

Перишиќ ги врати Хрватите на победите, во Осиек „падна“ Велс (видео)

Хрватска стигна до втората победа во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, откако во Осиек со 2:1 го совладаа Велс да се вратат на првото место на табелата во групата Е.

По шокантниот пораз од Унгарија, на „коцкестите“, кои се светски вицешампиони им беше потребна победа над незгодниот Велс за враќање на самодовербата. Во Осиек, тие немаат репрезентативен пораз и добрата низа се потврди и против Велшаните.

Хрватска дојде до водство во 18. минута, кога по една брза контра, нафрлањето на Иван Перишиќ заврши во нозете на Џејми Лоренс, кој си постигна автогол. Перишиќ се запиша во листата на стрелците во 48. минута по лошата реакција на одбраната на гостите, по што следуваше иницијатива на Велшаните. Таа на крајот резултираше во намалување на резултатот, кога Дејвид Брукс во 77. минута со удар од далечина го измами Ливаковиќ.

Во групата Х, пак, Исланд стигна до минимална 1:0 победа над Албанија, благодарение на голот на Јохан Гудмундсон.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРО 2020

ГРУПА Е

Хрватска – Велс 2:1

Азербејџан – Унгарија 18.00 ч.

Табела: 1.Хрватска 6, 2.Словачка 3, 3.Велс 3, 4.Унгарија 3, 5.Азербејџан 0

ГРУПА Х

Исланд – Албанија 1:0

Турција – Франција 20.45 ч.

Табела: 1.Франција 6, 2.Турција 6, 3.Исланд 6, 4.Албанија 3, 5.Андора 5

Scroll to Top