Интер се договориле со Баерн Минхен за трансферот на Хрватот Иван Перишиќ на позајмица за 5 милиони евра со опција за купување за 20 милиони евра, тврдат повеќе италијански медиуми.
Според „Скај спорт Италија“, „Медијасет“ и други извори, Перишиќ се согласил на трансферот и затоа не отпатувал со клубот кој вечер игра пријателски меч со Валенсија. Првата понуда од 3 милиони евра е зголемена на 5 милиони евра, додека Баерн ќе ја исплаќа неговата плата во 2019/20.
Перишиќ беше еден од фудбалерите на кои Антонио Конте им порача дека не планира оваа сезона, посебно по пристигнувањето на Ромелу Лукаку од Манчестер јунајтед. Според италијанските медиуми, поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд и Волфсбург, Перишиќ бара гаранција дека неговиот трансфер ќе биде перманентен пред да се согласи на преселба.