Top Sport

Перу ќе игра финале по пауза од 44 години (Видео)

Фудбалската репрезентација на Перу направи уште едно големо изненадување на Копа Америка 2019. Перуанците го поразија бранителот на трофејот Чиле и се пласираа во големото финале.

Перу по пауза од 44 години повторно ќе се бори за титулата на континенталниот шампионат на Јужна Америка. Последен пат кога Перу играле во финалето ја освоиле титулата, тоа се случило во 1975 година.

До големата победа Перуанците дојдоа со два гола во првиот гол. Стрелци беа Флорес и Јотун, а асистент Кариљо. Во последната минута ветеранот Гереро стави точка на победата.

Чиле не успеаја да постигнат почесен гол иако имаа можност во судиското надополнување на времето. Голманот Галјес успеа да му одбрани пенал на Варгас.

Перу во финалето ќе игра против домаќинот Бразил на 7 јули од 22 часот. Инаку Бразил во фазата по групи го декласира Перу со 5:0.

Scroll to Top