Чудото кое не смееше да се случи. Така некои ја опишуваат една од најфантастичните спортски приказни во историјата, кога пред точно пет години во 2016 година, Лестер сити беше крунисан за шампион на Англија првпат во својата 132-годишна историја по 2:2 ремито на Тотенхем со Челси.
„Лисиците“ ја започнаа сезоната со 5.000-1 шанси за освојување на титулата кај обложувалниците, откако за малку избегнаа испаѓање претходната сезона, но комплетираа сезона од соништата во која загубија само три меча на патот до титулата. Само пет години претходно, тие беа 10. во Чемпионшип, втората англиска лига.
Доаѓањето на напаѓачот на Флитвуд, Џејми Варди за милион фунти во мај 2012 ги инсипираше „лисиците“. Откако загубија во плејофот за влез во Премиер лигата во 2013, тие следната сезона под Најџел Пирсон поставија рекорд во Чемпионшип со 102 освоени поени. Во 2014/15, пак, тие беа на дното на Премиер лигата дури 140 година, пред да победат во седум од следните девет меча за да опстанат.
Клаудио Раниери дојде во летото 2015, за да ги предводи до историската 2015/16. Лестер ја почнаа сезоната со 4:2 победа над Сандерленд и загубија само еднаш од првите 17 меча. Во октомври беа на петтото место, а Варди стана првиот фудбалер кој постигнал гол на 11 меча во низа во Премиер лигата.
На почетокот на мај, веќе беа на првото место и откако пропуштија да станат шампиони со 1:1 реми со Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, следниот ден второпласираниот Тотенхем одигра само 2:2 со Челси на „Стемфорд бриџ“ иако имаа 2:0 водство.