Top Sport

Салах: Ливерпул не ми понудил нов договор

Мохамед Салах повторно ги зголеми шпекулациите околу неговата иднина во Ливерпул, откако пред големото дерби со Манчестер јунајтед, кое е клучно за борбата за топ 4 пласман за „црвените“ изјави дека никој во Ливерпул не му понудил нов договор.

Договорот на Салах со клубот од „Енфилд“ завршува во 2023 година, и Египќанецот, кој е клучен дел од тимот на Јирген Клоп вели дека нема разговори за продолжување. Ова доаѓа откако 28-годишниот Салах претходно неколку пати најави дека неговата иднина е во шпанскиот фудбал, со Реал Мадрид како најверојатна опција.

„Никој не зборува со мене за нов договор, така што не можам да кажам многу на таа тема. Никој во клубот не разговара со мене за тоа“, изјави Салах.

Салах дојде во Ливерпул од Рома во 2017 година, и оттогаш има 120 гола во 193 меча во сите натпреварувања.

Scroll to Top