Шампионот во Бунседлигата, Баерн Минхен ја покажа класата против Ајнтрахт Франкфурт и со високи 5-0 ги совлада противниците на „Алијанц арената“. Баерн во составот го имаше феноменалниот полски голгетер, Роберт Левандовски кој трипати ја затресе мрежата на Трап.
Феноменален гол постигна и новото засилување за Баварците, Лирој Сане, а во последните моменти во листата на стрелци се запиша и Горецка за убедлив триумф.
На останатите мечеви одиграни во истиот термин, Лајпциг по 2-0 во ЛШ, со 2-1 ја совлада и Херта, додека Мајнц губеше 0-1, па водеше 2-1 на полувреме и на крајот загуби од Борусија Менхенгладбах со 2-3.
Без победник заврши мечот меѓу Унион Берлин и Фрајбург, 1-1.