Бугаринот Ивајло Петев од следната година повеќе нема да биде селектор на фудбалската репрезентација на БиХ,. Според медиумите во оваа земја, нов селектор ќе биде познатиот поранешен фудбалер Фарук Хаџибегиќ.
Неименувани извори од Фудбалската федерација на БиХ, тврдат дека договорот на Петев, кој истекува на последниот ден од оваа година, нема да биде продолжен, а формална одлука за ова се очекува на седницата на Извршниот одбор закажана за 29. декември.
„Дневни аваз“, во понеделникот, пишува дека е познат и наследникот на Петев, а таа функција најверојатно ќе ја добие Хаџибегиќ, иако „во игра“ биле и поранешните легенди Сафет Сушиќ и Мехмед Баждаревиќ.
Петев стана селектор на БиХ, во јануари 2021 година, а оттогаш неговите играчи одиграа 20 натпревари, забележаа шест победи, седум пати ремизираа и загубија.