Top Sport

Хас Ф1 не планира да ги врати 12-те милиони евра на Русите

Формула 1 тимот на Хас Ф1 и нивниот поранешен спознор, рускиот гигант „Уралкали“ се пред скапа судска парница, откако американскиот тим одби да ги врати 12-те милиони евра кои ги доби како спонзор од компанијата за производство на вештачко ѓубриво.

Во март по руската воена акција во Украина, Хас го раскина договорот со „Уралкали“, отпуштајќи го возачот Никита Мазепин, чиј татко е газда на „Уралкали“. Компанијата веќе ја имаше исплатено сумата од 12 милиони евра, кои веднаш ги побараа назад.

Сега, од американскиот тим потврдија дека нема да ги вратат парите тврдејќи дека во нивниот договор има клаузула за раскина на договорот со кој „Уралкали“ не смеат да ја намалат јавната репутација, добра волја и имиџ на тимот. Според нив, ова се случило кога ЕУ воведе санкции кон таткото и синот Мазепин поради врската со рускиот претседател Владимир Путин.

Од тимот дури побараа дополнителна исплата на 8 милиони евра за намалени приходи кои сметаа дека ќе ги добијат без раскинот на договорот. Токму парите на Мазепин го „спасија“ тимот минатата сезона, која ја завршија на последното место без освоени поени, по фантастичниот почеток на сезоната 2022.

Scroll to Top