Поранешниот француски репрезентативец Емануел Пети проговорил за периодот што го минал во Барселона. Тој на „Ноу Камп“ се задржа само една сезона. Пети рекол дека атмосферата во соблекувалната била лоша и расистичка.
„Веднаш го почувствува расизмот. Бев шокиран, но разбрав дека тоа е нормално. Повеќето од „белите“ фудбалери се однесуваа на тој начин“, рекол Пети.
Истакнал дека во тој период се водела војна помеѓу два клана.
„Постоеја кланови, холандски и каталонски“, истакнал Пети.
Светскиот првак со Франција од 1998 година не сакал да истакнува имиња, но познато е дека во 2000 година во Барселона биле Пеп Гвардиола, Серџи, Габри, а во првиот тим беа Карлес Пујол и Чави.
„Кога дојдов му рекоа да го учам каталонскиот, а не шпанскиот јазик. Има каже дека јас сум во Шпанија, а тие ми кажаа дека Барселона не се наоѓа во Шпанија туку во Каталонија. Ми се смечи од тоа“, завршил Пети
Пети во 2000 година од Арсенал пристигнал во Барселона, а по една година заминал до „Ноу Камп“ во Челси.