Top Sport

Затвор за измамникот на маратонот во Лондон

Станислав Скупијан, измамникот, кој со загубен стартен број го „заврши“ маратонот во Лондон и доби медал, доби 16 недели затвор од страна на судот во Аксбриџ.

38-годишниот Скупијан, кој инаку е бездомник, ја заврши трката со бројот на Џејк Холидеј откако го забележа бројчето на 300 метри пред финишот на маратонот по што доби медал на трката на 22 април. Халидеј, кој трчаше за добротворната организација „Бладвајз“, го загубил бројчето откако пред финишот запрел за да ја соблече маичката.

Според адвокатот на Скупијан, Џамила Џамроз, тој имал амбиција да истрча маратон.

„Тој сакаше да трча, сакаше да ги гледа маратонците. Возбудата кога го виде бројчето даваше шанса да се натпреварува маратон и тоа беше остварување на сонот. Тогаш тој не сметаше дека направил нешто лошо, и ја посвети трката на неговиот седумгодишен син на другите бездмоници“, вели Џамроз.

Приказната на Полјакот Скупијан е навистина тажна. Тој се пресели во Велика Британија пред 11 години, но на крајот на 2017 имал сериозна сообраќајна несреќа по што ја загубил работата. Во исто време, тој се развел со сопругата и станал бездомник. Скупијан бил уапсен на аеродромот Хитроу, каде што живеел.

Сепак, судот немаше милост – тој доби 13 недели за измамата и 3 недела за кражба.

Измамник на маратонот во Лондон – си најде бројче и си доби медал!

Scroll to Top