Top Sport

„Петлите“ на Мурињо од „втор обид“ го прескокнаа Мидлсборо во ФА купот (видео)

Тотенхем од втор обид успеа да го елиминира Мидлсборо и да се пласира во следната фаза од англискиот ФА Куп откако вечерва на свој терен во Лондон славеа со 2-1.

„Петлите“ на Мурињо играа во комбиниран тим.

Уште во втората минута резултатот го отвори Ло Селсо, а по 15 минути Тотенхем веќе водеше со 2-0. Стрелец на вториот погодок беше Ламела.

Следуваше затишје, иако Тотенхем ја имаше доминацијата.

Мидлсборо преку Сејвил погоди за 2-1 во 83 минута и ја врати неизвесноста, но гостите сепак немаа сила за нешто повеќе.

Тотенхем во 1/16-финалето ќе игра против Саутемптон.

Scroll to Top