Top Sport

Дончиќ и Далас ги декласираа Вориорси (видео)

Мизерната серија на Голден Стејт вориорс продолжува, откако на домашен терен доживеаја тежок 97:124 пораз од Далас маверикс во меч во кој едноставно немаа шанси против тимот предводен од Лука Дончиќ.

Двајт Пауел имаше 21 поен како најефикасен кошаркар на Маверикс, додека Дончиќ уфрли 20 поени и имаше 8 скокови.

Хјустон рокитс пак, загубија на гости кај Мемфис со 121:110. Џејмс Харден имаше 41 поен за Хјустон, но од друга страна Морант имаше 26 поени, осум асистенции и пет скока за Гризлис.

Кавај Ленард со 43 поени ги предводеше Лос Анџелес клиперс до 128:103 победа над Кливленд, додека Јанис Адетокумбо имаше 37 поени за само 21 минута за Милвоки да му нанесе уште еден пораз на Њујорк никс (128:102)

НБА РЕЗУЛТАТИ

Атланта – Феникс 123:110

Бруклин – Јута 107:118

Мемфис – Хјустон 121:110

Милвоки – Њујорк 128:102

Голден Стејт – Далас 97:124

ЛА Клиперс – Кливленд 128:103

Scroll to Top