Англичаните имаат петмина фудбалери во тимот на полу-финалето на Европското првенство. Според статистиката на „Sofa score“, најдобро оценет фудбалер, од сите што настапија во полу-финалните натпревари е данскиот голман Каспер Шмајхел. За изведбата против Англија, Шмајхел доби оценка 8,6.
Во одбраната има тројца Англичани: Лук Шо (7,3), Хари Мегваер (7,8) и Лук Шо (7,2) и еден Италијанец, Леонардо Бонучи (7,6).
Во останатите линии од тимот има по тројца играчи од три различни селекции.
Во редот за врска се Мејсон Маунт (7,5), Пјер-Емил Хојберг (7,3) и Дани Олмо (7,3).
Нападот го предводи Хари Кејн (7,5), а на крилните позиции се Федерико Кијеза (7,7) и Микел Домсгард (7,5).