Професионалната фудбалска асоцијација (ПФА), го прогласи најдобриот тим во Премиер лигата, за оваа сезона. Манчестер сити на пет кола до крајот на сезоната веќе ја обезбеди петтата титула во клупската историја, а во идеалниот тим на сезоната „граѓаните“ партиципираат со петмина фудбалери.
Најдобар голман според ПФА е Давид Де Хеа (Манчестер јунајтед), во одбраната се Кајл Вокер (Манчестер сити), Јан Вертонген (Тотенхем), Николас Отаменди (Манчестер сити) и Маркос Алонсо (Челси), во средниот ред во формацијата 4-3-3 се Давид Силва (Манчестер сити), Кевин Де Брујне (Манчестер сити) и Кристијан Ериксен (Тотенхем), а нападот го предводат Мохамед Салах (Ливерпул), Хари Кејн (Тотенхем) и Серхио Агуеро (Манчестер сити).
Во борба за играч на сезоната во Премиер лигата конкурирата петмина фудбалери, а најсериозни кандидати за оваа престижна награда се Салах и Де Брујне. Според англиските медиуми извесно е дека лауреат ќе биде напаѓачот на Ливерпул.