Барселона утре од 16.15 часот на „Ноу Камп“ го дочекува најголемиот шпански ривал – Реал Мадрид во големото дерби на 10. коло во Ла Лига.
„Кралевите“ моментно се второпласирани со 17 бодови, 2 повеќе од Барселона која врза два триумфи.
„Нема овој натпревар да одлучува многу што се однесува на првенството, но победа би ни донела многу самодоверба. Досега не играме баш најдобро. Едноставно мора да сме поефикасни“ смета Жерар Пике.
Шпанските новинари побараа од него да ги спореди младите ѕвезди на двата тима – Ансу Фати и Винисиус Јуниор.
„Ако бидат здрави, тие се иднината на фудбалот. Винисиус е побрз, експлозивен, поекстремен играч. Ансу е поталентиран и поснаодлив пред голот, а Винисиус е еден од најдобрите светски играчи во игра еден на еден“ смета Пике.
Шпанскиот дефанзивец не заборави дека Реал во нападот го имаат фантастичниот Карим Бензема.
„Бензема се спаси со заминувањето на Роналдо. Тој остави дупка зад себе, а неа сјајно ја пополни Бензема кој сега е потполно смирен и фокусиран на постигнувањето голови. Последните сезони игра одлично. Но Реал не е само Бензема и Винисиус. Имаат многу сјајни играчи“ смета дефанзивецот на Барселона.