Фудбалскиот сојуз на Шпанија, ќе покрене истрага против играчот на Џерар Пике, поради неговата изјава дека „85 отсто од судиите од Мадрид се навивачи на Реал“.
Доколку биде прогласен за виновен, односно дека ги прекршил правилата, Пике се соочува со парична казна од 600 до 3.000 евра, но поголем проблем за играчот на Барселона е Дисциплинската комисија може да му одреди суспензија од четири месеци до една година.
Дисциплинската комисија ќе ги разгледа сите изјави и коментари, кои во врска со судењето во Ла Лига ги изнел Пике. Потоа ќе донесе одлкука, дали тој ќе биде казнет.