Top Sport

Пике ќе му се врати на фудбалот?

Џерар Пике, легендата на Барселона, би можел експресно да се врати од пензијата, во која замина на почетокот на ноември минатата година. Во кариерата, Пике, одигра 615 натпревари за Барселона.

Пике е сопственик на шпанскиот второлигаш Андора и неговото евентуално враќање во фудбалот е поврзано со тој клуб.

Останува под знак прашалник колку, поради финансиските ограничувања и правила, е реално да се очекува негово евентуално враќање на терените.

Со заминувањето од Барселона, Пике се откажа од околу 30 милиони евра, кои клубот му ги должеше поради пандемијата, како и приходите од договорот до летото 2024 година.

Неговата плата во Барселона е проблем за Андора.

Финансискиот комитет на Ла Лига треба да ги процени неговите приходи, односно дали е реално клуб од втората луга со ограничен буџет, може да си дозволи да има таков играч во тимот.

Буџетот на Андора не е поголем од седум милиони евра, што е проблем за клубот дури и ако Ла Лига продолжи да се придржува до праксата и да дозволи потпис на играч со плата половина од онаа што тој ја имал во претходниот клуб.

Исто така, според постоечките правила, спонзорите имаат право да му помогнат на клубот, но со одредени ограничувања. И тие не им одат во прилог на Андора и Пике.

Покрај тоа, Пике се уште се води како играч на Барселона. Тој во моментов е суспендиран поради наводна навреда на судијата на неговиот последен натпревар, кога воопшто и не влезе во игра.

Доби суспензија од четири натпревари. Суспензијата ќе ја одработи до 15. јануари.

Scroll to Top