Фудбалерот на Барселона, Џерар Пике, по завршувањето на кариерата ќе замине во пензија. Шпанските медиуми тврдат дека својата намера тој веќе им ја соопштил на тренерот Чави и претседателот Џоан Лапорта.
Пике има договор со Барселона до 30.јуни 2024 година. Наводно, би се откажал од намерата само доколку Чави го убеди дека му е потребен во тимот. Во тој случај тој би се согласил да игра за минимална плата.
Пике е играч на Барселона од 2008 година, кога се врати во клубот од Манчестер јунајтед. Со клубот и репрезентацијата ги освои сите можни титули.